Османи со посета на Берлин почнува нова европска турнеја, од утре во Копенхаген и Стокхолм
Шефот на дипломатијата Бујар Османи со денешната посета на Германија ја почнува турнејата во неколку значајни европски метрополи. Освен Берлин, Османи ќе ги посети и Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите членки на ЕУ.
Османи денеска е во посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Во рамките на оваа посета, Османи ќе оствари средби и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на канцеларката Ангела Меркел, како и со повеќе претставници на политичките групации и комисии во рамките на посетата на германскиот Бундестаг.
Од Берлин Османи утре заминува за Копенхаген, на средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.
Дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм, в среда, каде ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.
Во Стокхолм е предвидено Османи да го посети и шведскиот Парламент – Риксдаг, каде ќе оствари средби со потпретседателките Лота Форнаве и Кирстен Лундгрен. Во агендата на министерот во рамките на посетата на Шведска се и средбите со Ана Сандстром, советничка за ЕУ на премиерот Стефан Ловен, како и со државната секретарка задолжена за европски прашања, Паула Оловсон.
Дипломатската турнеја на Османи се одвива во период на засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на Македонија. Покрај билатералните односи, централни теми на средбите ќе биде европското досие на земјава, и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.
Ново на Сител
-
Утре ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи
-
ФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции
-
На Табановце спречен обид за шверц на луксузни часовници
-
Зеленски очекува наскоро да се разјасни какви безбедносни гаранции ѝ се нудат на Украина
-
Обвинителен акт против осум лица за злоупотреба на службена положба и незаконско посредување за престој на странци
-
Приведен 47-годишник од Виница, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и дигитална вага
-
На ГП „Табановце“ приведен германски државјанин, во неговото возило била пронајдена дрога
-
Приведен 58-годишник од Кочани, управувал возил со 2,31 промили алкохол во крвта