Османи порача дека мандатот ќе го посвети на создавање услови за секој кој сака да може да се врати во државата
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска беше домаќин на нашите граѓани кои живеат во странство, а кои деновиве летните одмори ги поминуваат во земјава.
Како што соопшти МНР, на приемот министерот упати благодарност до дијаспората за нивниот придонес во пренесување на позитивната порака и слика за нашата држава, како и придонесот за целокупниот економски и општествен развој на Македонија.
– Се работи за огромен потенцијал на млади и образовани кадри, кои се најдобри во своите професии и за чие знаење и вештини има потреба средината од каде потекнуваат и на која редовно се враќаат, нагласи Османи.

На приемот, министерот ги запозна гостите со многубројните проекти на Министерството за надворешни работи, каде се префрлени целокупните надлежности поврзани со дијаспората како што се фиксните базни станици за издавање на патни исправи, со што значително ќе се скрати постапката, проектот на дигитализација на голем дел од конзуларните услуги, тн. Е-конзулат, реактивирање на финансиската поддршка за проекти од дијаспората, кое беше прекинато поради пандемијата, формирање на парламентарна група за соработка со дијаспората, анализа за потребата за донесување на закон за дијаспора и други.
Во соопштението се дополнува дека до одлуката за донесување на закон, во меѓувреме ќе се издаде Бела книга, каде детално би се наброиле погодностите кои се нудат на дијаспората, а кои не се систематски обработени во еден документ.

Министерот Османи порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата, посочувајќи меѓу другото и на проектот МКарта, како признание и потврда за истакнати личности и поединци кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажуваат истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Македонија во странство.
Ново на Сител
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
-

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици, од МВР очекуваат силна конкуренција за првата генерација во „7 Мај“
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
-

Пожар во трговски центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт
-

Муцунски во официјална посета на Катар
-

СП 2026: Мароко прв четвртфиналист
