Османи – Палмер: Македонија е партнер на САД, ЕУ и НАТО

САД се повеќе од стратешки партнер на Македонија, туку и веројатно најважниот пријател, со чие присуство и активно учество остварени за најважните пресвртни точки од независноста на земјата, чии успех неповратно е вграден и во изградбата на самата држава. Ова го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи на средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, во американскиот Стејт Департмент, остварена во рамки на неколкудневната работна посета на Вашингтон.
Како што соопшти деенска СЕП, Османи, притоа посочил на самото осамостојување на државата, Рамковниот договор, територијалната организација, како и Договорот од Преспа чија имплементација финишираше непосредно пред оваа посета. Според него, и успехот на потпишување на протоколот за НАТО претставува резултат токму на ова партнерство, за кое истакна дека очекува да продолжи и во иднина.
-Ја очекуваме поддршката на САД и во периодот што претстои кога ќе се финализираат главните настани со кои ќе се зацементира нашата западна ориентација – целосното членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската Унија, истакнал Османи.
Тој реферирал и за политичката состојба во земјата, за напредокот на земјата во исполнувањето на критериумите, преку имплементацијата на реформскиот План 18, како и за напредокот во односите со соседите.
-Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на САД, ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот, истакнал Османи.
Во рамките на посетата на Сенатот, Османи имал средба и со сенаторот Рон Џонсон, кој воедно е претседавач и со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања при Сенатот на САД. Сенаторот Џонсон го известил Османи за неговата иницијатива, заедно со сенаторката Џеин Шахин, до американскиот Сенат, со која се поздравуваат сите активности на Македонија и Грција во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа. Во текстот на резолуцијата, која во драфт верзија му била предадена на Османи, меѓу останатото, се препорачува на Советот на ЕУ во јуни оваа година да ја потврди одлуката за почеток на преговорите. Како што посочил сенаторот, текстот на оваа резолуција се очекува да биде финализиран и ставен на дневен ред на Сенатот на почетокот од следната недела и да биде усвоена.
Претходно Османи учествуваше и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп. Во неговата денешна агенда е и посета на американскиот Конгрес каде Османи ќе оствари средба и со Конгресменот Стив Стилерс, кој до јануари оваа година ја вршеше функцијата претседател на Националниот Републиканскиот комитет во Конгресот на САД. Централна посета на Конгресот ќе биде средбата со новиот претседавач со Комитетот за надворешна политика во Конгресот на САД, Елиот Ејџел, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
