Османи и Фити договараат реактивирање на Советот за европска интеграција во МАНУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Таки Фити денеска на работна средба разговараа за реактивирање на Советот за европска интеграција во рамки на МАНУ. Се согласија дека е неопходно вклучување експертски и стручни капацитети во подготовката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
- Имајќи го предвид напредокот во европските интеграции, особено почетокот на објаснувачкиот скрининг, потребно е да ги активираме механизмите за идентификување, мапирање и вклучување експертски и стручни капацитети кои припаѓаат на академската фела, но, исто така, од аспект на подготовката за почеток на преговорите, мапирање на сите научни и истражувачки капацитети и поединечни експерти кои се на располагање по поглавјата и подрачјата од правото на ЕУ, истакна Османи.
Османи, како што соопшти неговиот кабинет, го информира академик Фити и за напредокот во исполнувањето на реформскиот процес, посочувајќи на инклузивноста наметната уште при имплементацијата на Планот 3-6-9, за што посочи и на потребата и од зајакнување и продлабочување на соработката во специфични области дефинирани и во Планот 18: правосудство, јавна администрација и безбедносните системи.
Соговорниците изразија согласност дека соработката меѓу СЕП и МАНУ мора да продолжи и да се интензивира, согласно предизвиците од европските интеграции, и да се интензивира.
Ново на Сител
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
