Османи и Брнз потпишаа договор за безбедносните мерки за заштита на класифицираните информации
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнз, денеска во Скопје го потпишаа Договорот меѓу двете влади за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации. Со договорот се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.

-Со денешното потпишување на Договорот за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации ја збогатуваме договорната рамка меѓу Македонија и САД, што претставува уште една потврда на извонредните односи и довербата која владее меѓу двете пријателски земји. Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме посветени на понатамошно јакнење на соработката во насока на постигнување долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот, истакна Османи.

Амбасадорката Брнз порача дека безбедноста зависи од ефективната размена на информации.
-Овој договор ја подобрува таа витална комуникација меѓу САД и Македонија. Тоа е уште една пресвртница во зајакнување на соработката како партнери и НАТО сојузници и во работењето кон посигурна, попродуктивна иднина за сите, нагласи Брнз.
Ново на Сител
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
-

Министерство за здравство: Епидемиолошката состојба во Гостивар стабилна
-

Нема нови случаи на западнонилска треска, последните суспектни случаи се негативни
-

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден градот
-

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
