Османи-Гарет: Македонија може да смета на британска поддршка за ЕУ и НАТО

Македонија може да смета на поддршката од Обединетото кралство за своите евро и евро-атлантски аспирации, изјавил денеска Амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Едмунд Гарет на средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Османи го изразил своето задоволство од континуираната поддршка што Република Македонија ја добива од Обединетото Кралство во процесот на европската и евро-атлантската интеграција на земјата и за поддршката и заложбите на Обединетото Кралство кон процесот на натамошно проширување на ЕУ, со што се остава отворена вратата за влез во Унијата на земјите од Западниот Балкан.
Тој посочил дека Амбасадата е доста активна во поддршката на реформите поврзани со евроинтегративниот процес на земјава преку проекти во неколку клучни области: поддршка на реформата на јавната администрација, владеење на правото и фундаментални права, како и поддршка на проекти за спроведување на мерките за борба против корупција.
- Соговорниците се согласија дека Македонија успешно излегува од длабоката политичка и институционална криза во која беше западната изминатиот период и констатираа дека земјата има одлична можност да ја искористи позитивната клима, која владее како во земјата така и кај земјите членки на Унијата и да ги забрза евроинтегративните процеси. Во тој контекст вицепремиерот посочи на акцискиот план на Владата за спроведување на итните реформски приоритети и обврски кои произлегуваат од Пржинскиот договор, препораките на ОБСЕ/ОДИХР како и препораките на Венецијанската комисија, забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, забелешките нотирани во Извештајот на Прибе итн, се наведува во соопштението.
Двајцата соговорници, се додава, изразиле задоволство од развојот на настаните во земјата, како и од развојот на односите меѓу двете земји, при што констатирале дека соработката ќе продолжи и во иднина, а Македонија ќе може да смета на поддршката од Обединетото кралство за своите евро и евро-атлантски аспирации.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
