Ослободени германските новинари уапсени на грчко-турската граница
Двајцата германски новинари кои вчера беа уапсени од страна на грчката полиција на грчко-турската граница, додека известувале за движењето на мигранти во регионот, денеска се ослободени.
Двајцата новинари, 33-годишна жена и 31-годишен маж, изјавиле дека имале намера да прават документарен филм за мигрантите за телевизијата АРД.
Тие немале дозвола да престојуваат во добро чуваната погранична област меѓу двете држави.
- Новинарите вчера случајно ја пробиле забранетата зона, се наведува во соопштение од телевизијата.
Според германската Амбасада во Атина и локалните власти, таков вид инциденти се случуваат често, бидејќи областа не е јасно означена или затворена. Затоа, судот утврди дека новинарите се невини.
Апсењето на новинарите доаѓа една недела откако турската армија зароби двајца грчки војници кои ја преминале границата додека биле на патрола. Војниците се обвинети за шпионажа.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло