Македонија
20. September 2021 - 17:49

Организаторот на протестот во Тетово втор ден штрајкува со глад во Шутка

Блерим Ахмети кој е во притвор по петочниот протест  во Тетово, штрајкува со глад. Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, вели дека притвореникот ја известил управата на затворот дека ќе штрајкува со глад, па домскиот лекар спроведувал зачестени здравствени прегледи. 

Адвокатот на Ахмети, во телефонски разговор за Сител, вели дека, неговиот клиент го одбивал оброкот во знак на револт поради тоа што судот му одредил осумдневен притвор.

Зоран Јаневски