Општина Куманово објави јавен повик за невработените за вклучување во проектот „Локална прегратка“

Општина Куманово денеска објави јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата Општинско – корисна работа што и годинава се спроведува во соработка на Агенцијата за вработување и УНДП.
Вкупно 23 невработени лица можат да се вклучат во програмата преку проектот „Локална прегратка 2“ при што наредните девет месеци, почнувајќи од први септември, ќе бидат ангажирани по дваесет работни часа неделно, без да го изгубат статусот невработено лице и ќе добиваат по 9.000 денари месечно. Целни групи кои се опфатени во програмата се долгорочно невработени лица, млади до 29 години и постари лица од 50 години, лица корисници на паричен надомест, лица со попреченост, жени припадници на ромска етничка заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развој, родители на три и повеќе деца…
Во повикот се опфатени работни позиции ментори за музички, за спортски активности, образовни асистенти, координатор за родители, асистенти за стари лица кои ќе понудат поддршка за корисниците на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост, за ученици со попреченост и ќе им помогнат преку спортски, музички активности да се стекнат со вештини за полесна инклузија.
Дел од ангажираните ќе им помагаат на старите лица преку развивање форма, сервис за стари лица во домашни услови.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
