Општина Гевгелија ќе подели прехранбени продукти на социјално загрозени семејства
Во рамки на самоиницијативната хуманитарна акција што за време на корона кризата ја организираат маркетите на КАМ низ државата,денеска на општина Гевгелија и беа донирани 60 пакети со прехранбени продукти наменети за социјално ранливите семејства во општина Гевгелија.
Од општината информираа дека,според изготвен список од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа,прехранбените пакети ќе им се делат на корисници на минимална гарантирана парична помош,корисници на Народната кујна и на оние кои го искористиле правото на еднократна парична помош.
Во соработка со општина Гевгелија,деновиве акцијата за распределба на прехранбените пакети ќе ја спроведат членови на невладината организација „Чејнџмејкерс“, од Гевгелија.
Од почетокот на пандемијата со корона вирусот беа реализирани десетина хуманитарни акции со донации од прехранбени производи и дезинфекциски средства за социјално ранливите семејства на територијата на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
