Опозицијата бара предвремени избори, власта останува на ставот дека избори не се потребни
Опозицијата останува на барањето за предвремени парламентарни избори, а од власта со став дека не се потребни избори бидејќи е избрана нова влада и е зголемено парламентарното мнозинство.
Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски вчера од Охрид повторно побара одржување на предвремени парламентарни избори час поскоро, без техничка влада и со една изборна единица.
Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека ако власта се плаши од техничка влада и ако е тоа пречка, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да поднесе измени во Изборниот законик за да нема техничка влада и оваа влада да остане до моментот на предвремените избори.
– Подготвени сме да доставиме и измени во Изборниот законик во кои што ќе нема техничка влада, односно да нема 100 дена губење време на граѓаните на Македонија, и ќе го користиме оној уставен рок од 45 до 60 дена, ако е тоа пречката, па ако се исплашени од предвремени парламентарни избори, нека им остане министерот за внатрешни работи, нека им остане новиот министер за труд и социјална политика, нема да има заменици во земјоделие, финансии и администрација и информатичко општество, изјави Мицкоски, додавајќи дека се подготвени да разговараат и за една изборна единица.
Од власта остануваат на ставот дека нема потреба од предвремени избори. Од СДСМ нагласија дека избори нема да има бидејќи избрана е нова влада, а зголемено е и парламенатрното мнозинство.
– Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт, иако и граѓаните и целата јавност е против. Избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби, наведе СДСМ во реакцијата што ја испратија по повод изјавата на Мицкоски.
И новиот премиер Димитар Ковачевски во неговото експозе пред пратениците кога се гласаше новата Влада порача дека не се потребни нови избори и оти фокусот треба да биде ставен на справувањето со енергетската криза, подобрувањето на стандардот на граѓаните, реформите и евроинтеграциите.
По дводневна дебата во Собранието, новата Влада беше избрана во неделата со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево