Македонија
4. јуни 2020 - 16:45

Охриѓани исплашени за здравјето по најавите за зголемен број на гости

Карантинот и полицискиот час за продолжениот викенд ќе го наполнат главниот туристички центар.Бројните  викенд станови се очекува да бидат целосно исполнети а на социјалните мрежи се забележува и голем интерес за закуп на апартмани и приватно сместување. Дел од Охриѓани реагираат на ваквата одлука и стравуваат дека ова може сериозно да влијае врз зголемувањето на бројот на заболени во градот. Угостителите пак сметаат дека викендот  ќе биде можност да ги наполнат своите локали онолку колку што дозволуваат протоколите .за спречување на ширењето на заразата.

Од СВР Охрид пак во пресрет на викендот најавија засилени контроли на повеќе локации во градот .

Општина Охрид апелира до сите посетители кои туристички ќе престојуваат во градот за време на продолжениот викенд, но и до охриѓани, да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид -19.