Охридскиот театар утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Малиот принц“

Претставата „Малиот принц“, најпознатото дело на Сент Егзипери за сите генерации, е најновата поставка на Охридскиот театар што утревечер премиерно ќе биде изведена на матичната сцена на куќата во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Како што истакна режисерот на претставата Ѓорѓи Ризески, станува збор за приказна со сериозна порака што зборува за губењето и пронаоѓањето на верата во себеси.
- Ние возрасните опкружени со проблемите го губиме детето во нас...Дури и децата станувајќи возрасни заборават на она што всушност сакаат да бидат кога се мали. Оттаму претставата освен што е за деца и млади добро е да ја погледнат и возрасните. Секој ќе се пронајде во оваа претстава, изјави Ризески на денешната прес-конференција по повод премиерата.
За актерот Ивица Цонев постојат два света, реалниот свет и оној имагинарниот кој е поубав во кој царуваат децата, со сета своја наивност и чистота, свет во кој ништо не се сфаќа сериозно, во кој идентично како кај децата се се одвива како забава.
- Да не го заборавиме детето во себе, да живееме со вистински топли мисли и чувства, инаку генерацијата е загубена, вели тој.
Никола Тодороски ги посочи децата како најискрената публика, предизвик за актерите оттаму што секогаш отворено се произнесува дали претставата е добра и интересна.
- Детските претстави ми се особено драги бидејќи децата ја гледаат претставата со срцето, не со очите. Пред се се работи за еден личен предизвик пред кој сме исправени, децата не гледаат вести, ќе ја погледнат претставата и најискрено ќе кажат дали е таа успешна, интересна или не. Предизвик е и што како возрасни сме во едно турбулентно време и се надевам дека претставата ќе донесе барем малку топлина во срцата на оние кои што ќе ја гледаат, вели Тодороски.
Во претставата уште играат и Јасмина Билаловиќ, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски. Драматуршки соработник е Кристина Тодороска Петреска, музички соработник Студио Китрозон, изработка на костими Даниела Мурговска, изработка на цртежи ученици од ОУ „Христо Узунов“.
Почетокот на претставата е од 19.30 часот, а цената на билетот изнесува сто денари.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
