Македонија
21. November 2017 - 13:03

Ограбена спортска обложовалница во Тетово

Ограбена спортска обложовалница во Тетово.Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот, маскиран на втори овој месец околу 23 часот во Тетово на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“, во спортската обложувалница „Моцарт“, со закана со нож кон вработениот од работната маса одзел околу 20.000 денари.