Македонија
17. July 2015 - 13:22

Ограбена бензинската „Твинс Петрол“ во Куманово

На 17.07.2015 година околу 02,30 часот на ограбена е  бензинската пумпа „Твинс Петрол“ на ул.„Железничка“ во Куманово од страна на три непознати лица.

Како што денеска соопшти МВР, со закана со пиштол извршено е разбојништво при што од вработените се одземени сума на пари од околу 3.000 денари.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.