Фудбал
20. August 2024 - 14:12

Одредени двојките за 1/16-финалето во Купот на Македонија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за 1/16-финалето во Купот.

Натпреварите во оваа фаза ќе се одиграат на 18.септенври, ќе започнат во 15 часот.

Куп на Македонија – 1/16-финале

Новаци – Вардар
Победа – Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожуф – Арсими
Вардар Неготино – АП Брера
Јени Маале – Шкендија
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Воска Спорт
Охрид – Беса
Слога Виница – Струга ТЛ
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс
Борец – Детонит Плачковица
Скопје – Пелистер
ФК Слободен – Брегалница

Актуелниот победник на Купот, Тиквеш, во оваа рунда е слободен.