Ракомет
27. October 2020 - 14:38

Одложен е натпреварот ПСЖ - Вардар 1961

Натпреварот од 6. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 е одложен. Средбата беше планирана за 28 октомври во Париз.

Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање.

По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин.

За Вардар 1961 ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. И ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед.