-->
-->
Одиграни четири средби во ракометната Лига на шампиони
-->
Во ракометната Лига на шампиони синоќа се одиграа четири натпревари од шестотото коло.
Македонскиот вицепрвак Металург загуби од францускиот Монпелје во дуел од Ц групата во која Татран Прешов како гостин славеше минимално против Висла Плок.
Во групата Б во кој игра македонскиот шампион Вардар, синоќа се одигра средбата Рајн-Некар - ППД Загреб која заврши со минимална победа на германскиот тим, кој сега изби на првото место со бод повеќе од Киелце и Вардар.
Комплетни резултати и двојки за 6.коло во ракометната Лига на шампиони:
А група: Висла Плок – Кил 24-22, Кадетен Шафхаузен – Фленсбург 26-29, ПСЖ – Барселона и Веспрем - Силкеборг (во сабота).
Табела: Барселона 10 бодови, ПСЖ 8, Фленсбург 7, Веспрем 6, Кил 6, Силкеборг 4, Висла Плок 3 и Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Рајн-Некар - ППД Загреб 25-24, Вардар – Киелце и Цеље – ПИК Сегед и Мешков Брест – Кристијанштад (сабота).
Табела: Рајн-Некар 9, Киелце 8, Вардар 8, ПИК Сегед 5, Мешков Брест 4, Кристијанштад 3, Целје 3 и ППД Загреб 2.
Ц група: Чеховски Медведи - Татран Прешов 28-29,
Металург – Монпелје 24-30 и Ла Риоха – Елверум (сабота).
Табела: Монпелје 8, Ла Риоха 7, Таран Прешов 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4 и Металург 4.
Д група: Брага - Мотор Запорожје (сабота), Холсебро – Бешикташ и Нант – Динамо Букурешт (недела).
Табела: Нант 9, Бешикташ 7, Мотор Запорожје 5, Динамо Букурешт 4, Брага 4 и Холстебро 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228