Одбраната на „Монструм” најавува нови 50 сведоци

Судскиот процес за случајот „Монструм” продолжува на 3 февруари. На денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, од страна на обвинителите како дополнителни сведоци беа предложени лидерот на СДСМ Зоран Заев, свиркачот Звонко Костовски, Зоран Трајковски (лице кое го има во доказите на СЈО) и поранешниот директор на БЈБ, Лупчо Тодоровски – Радник. Семејствата на оштетените како сведок го предложија Синиша Алексовски, долгогодишен соработник за безбедност на поранешниот претседателот Ѓорге Иванов.
Од друга страна адвокатите на обвинетите во „Монструм”, најавуваат до 50 нови сведоци за оваа постапка.
-Дел од сведоците ги предложивме при крај на 2019 година. Другиот список со околу 20 сведоци ќе го предложиме на 3 февруари. Ние настојуваме да се прикаже видео материјалот од Општина Илинден, каде може да се види и обвинетиот Фејзи Азири. Истото така како сведоци ќе ги предложиме и поранешниот министер Миле Јанакиевски и екс градоначалник на Општина Илинден. Имајќи предвид дека случајот се води по стариот Закон за кривична постапка, не ја исклучуваме можноста во тек на оваа постапка да предлагаме и други сведоци, изјави за МИА адвокатот Насер Рауфи.
Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. Кон крајот на минатата година предметот повторно го презема Основното јавно обвинителство
Ново на Сител
-

Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари
-

Бројот на жртви од Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти
-

Царинска управа: Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми | ФОТО
-

Претрес во Гевгелија, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице
-

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
