Одбележување на кинескиот Празник на фенерите
Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вечер во ресторанот „Пелистер“ во Скопје организира одбележување на традиционалниот Празник на фенерите, кој се слави на 15-тиот ден од почетокот на Новата година според кинескиот лунарен календар.
- Празникот на фенерите традиционално се чествува во Кина и со него се одбележува почетокот на пролетта и завршувањето на двонеделното празнување на кинеската Нова година, исто така познато како Празник на пролетта. На овој ден, кога Месечината е полна првпат во Новата година, во вечерните часови илјадници хартиени фенери се пуштаат да летаат кон небото, се палат огномети и петарди и се јадат слатки оризови топчиња кои се викаат танг јуен или јуен шијао, во парковите се организираат танцови со фенери и други танци и игри. Овој традиционален семеен празник се слави во континуитет веќе 2000 години, информира Институтот „Конфуциј“.
По повод празникот, ресторанот „Пелистер“ во соработка со кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“ во Скопје, вечер ќе понуди посебно мени со кинески специјалитети за гостите.
Ново на Сител
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени