Одбележување на Јом Ашоа во спомен на жртвите на холокаустот

Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје денеска ќе биде одбележан Јом Ашоа - ден за сеќавање на шесте милиони убиени Евреи од нацистите во Втората светска војна и 73 години од востанието на Евреите во Варшавското гето.
На комеморацијата симболично ќе бидат запалени шест свеќи и ќе биде отворена изложбата „Толеранција, дијалог и соработка: еврејската традиција, култура и историја, како дел од македонското мултикултурно општество“. Таа е дел од истоимениот проект кој се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Фондацијата „Конрад Аденауер“.
Половина милион Евреи биле собрани во Еврејското гето во окупирана Варшава, на површина од 2,5 километри квадратни, од каде биле депортирани во логорите на смртта. На 27 април (нисан по хебрејскиот календар) 1943 година тие кренале востание и голораки, боси, гладни и без надеж, сакајќи само достојно да умрат, се обиделе да дадат отпор на нацистите. Тие тоа сурово го казниле и по наредба на Хитлер гетото било уништено.
Тој датум израелскиот Кнесет го утврдил како национален ден за сеќавање на холокаустот и на тој ден се одржуваат комеморации во сите земји каде што има еврејски заедници.
Комеморацијата за убиените Евреи е воедно и за 7.144 Евреи од Македонија, или 98 проценти од вкупната еврејска популација тогаш во Македонија, кои на 11 март 1943 биле собрани од нивните домови и депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
