Одбележување на денот на Првата механизирана пешадиска бригада
Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на Првата механизирана пешадиска бригада.
- Таа е најголема борбена единица во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови. Препознатлива е по досегашните борбени искуства и учество во мировните мисии во Авганистан и Ирак, реализираните вежбовни активности и високите резултати од оценувањата, но и несебичната помош која припадниците на оваа единица им ја даваат на граѓаните на Република Македонија, секогаш кога тоа е потребно, соопшти Армијата на Република Македонија.
Поранешни команданти на првата и втората механизирана пешадиска бригада и генерали во пензија на воената свеченост во касарната ќе ги запознаат присутните со значајните историски моменти од постоењето на бригадата.
- Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол со прогласување најдобра единица од составот на бригадата, свечено дефиле на единиците, како и тактичко-технички збор на кој посетителите ќе имаат можност да видат дел од орудијата, оружјето и опремата со кои располага бригадата, наведува АРМ.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на Првата механизирана пешадиска бригада е одреден 2 април - датум на кој оваа единица е трансформирана согласно со новата организациско-формациска структура на АРМ.
Ново на Сител
-
Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните
-
25 проценти повеќе новороденчиња во Кавадарци споредено со лани
-
Трамп: Имаме основа за стабилен договор со Кина
-
Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс на средби со државниот врв
-
Дополнетиот предлог закон за енергетика на пленарна седница
-
Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“
-
Без струја корисници во Карпош и Кисела Вода
-
ОН: Планот на Израел за помош е „цинична претстава“