Одбележување на 50-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија

Архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан чиноначалствуваше со светата божествена литургија што денеска се одржа во манастирската црква Свети Атанасиј во Лешок како дел од одбележувањето на 50-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.
Заедно од него беа и митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф, митрополитот повардарски господин Агатангел, митрополитот кумановско осоговски господин Јосиф и митрополитот брегалнички господин Иларион.
- Би згрешиле доколку на овој свет ден не си спомнеме за во господа упокоените отци архиереи на МПЦ – трипати блажениот архиепископ Доситеј и митрополитите Наум, Климент, Методиј и Кирил, нивната вера и храбро исповедање не плашејќи се од ничиј гнев ја посведочија на третиот црковнонароден собор кога ја исправија неправедната одлука на иноверниот владетел. Да ги спомнеме и блажено упокоените епископи Ангелариј, Гаврил и Михаил за чии имиња сме длабоко уверени дека се впишани во книгата на животот, а кои меѓу другото ни покажаа дека животот на црквата не смее да биде одделен од животот на нејзините живи членови како егистенционални проблеми на народот божји. За нивниот пример и поттик сме им вечно благодарни, рече во својата беседа пред присутните митропилитот кумановско осоговски господин Јосиф.
По завршувањето на литургијата беше извршена и трисагија – помен на гробот на игуменот Кирил Пејчиновиќ по повод 172 години од неговото упокојување.
Воедно беше одбележан и десетгодишниот јубилеј од реосветувањето на црквата Свети Атанасиј што беше минирана и целосно уништена на 21 август 2001 година. Таа по неколку години беше реконструирана со истиот камен што бил користен во нејзината првична изградба. Осветувањето во 2007 година беше извршено на празникот Покров на Пресвета Богородица.
Со пригодна свеченост денеска беше одбележана и годишнината од поставувањето и осветувањето на големиот крст во дворот на Манастирскиот комплекс во Лешок подигнат во чест на руските монаси кои служеле во Македонија. Цвеќиња положија претставници од Руската амбасада, здружението Држуба од Гостивар, Македонско хрватското друштво од Тетово и Младинска алијанса од Тетово.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
