Одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците
Бошњачката културна заедница во Македонија со свечена академија го одбележа Меѓународниот ден на Бошњаците.
На свеченоста присуствуваше претседателот Ѓорге Иванов, кој истакна дека во Македонија се почитува и прифаќа Бошњачката заедница со сите нејзини посебности и специфики и оти и во иднина треба да се градат мостови на пријателства и меѓусебна доверба.
- Во рамки на македонскиот модел на соживот, Република Македонија ја почитува и ја прифаќа Бошњачката заедница со сите нејзини посебности и специфики како неразделив дел при што суштината на нашиот модел е сфаќањето дека другите култури и религии не се закана за нечиј идентитет, туку потенцијален извор на негово збогатување. Затоа, ние ја почитуваме и ја прифаќаме различноста. А почитувањето и прифаќањето се темелат врз меѓусебната доверба. Наш завет е и во иднина да градиме мостови на пријателства и заедно да чекориме кон нашата заедничка европска иднина, рече Иванов.
Беше промовирано и новото здружение на Бошњаците чиј претседател Сеад Кочан нагласи дека заедничка е определбата на сите да работат на почитување на етничките и религиските различности.
- Како граѓани на оваа држава треба да се стремиме кон постојано подобрување на условите, кон постојан напредок, усовршување на толеранцијата и солидарноста, да се мотивираме да изградиме една поволна средина за заеднички успех и напредок на сите граѓани, рече Кочан.
Тој посочи дека Здружението на Бошњаците ќе работи во насока на остварување и усогласување на интересите на припадниците на Бошњачката заедница, а како претседател ќе се залага за поголема интеграција и подобрување на позицијата на Бошњаците во културно-општествениот живот во Македонија.
Ново на Сител
-
Кирков: Продолжува хоророт во скопската Зоолошка градина, погинаа две лами од редок вид
-
До средината на мај сите училишта во Кисела Вода ќе имаат фотоволтаици
-
Собраниската Комисија за здравство се сретнала со дел од членовите на Кризниот штаб за Кочани
-
Украдено службеното возило на градоначалникот на Аеродром
-
Во болниците во земјава се лекуваат седум пациенти од повредените во Кочани, во странство остануваат 64 пациенти
-
Приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
-
Барале мито од 20.000 евра за да сместат пациент, уапсен директорот на Геријатрија
-
Битолчанец крадел електрична енергија и заработил 9.300.955 денари