Одбележан денот на македонскиот фудбал

На денешен ден, 9 април, пред точно 108 години во Скопје се одиграл првиот официјален фудбалски натревар на територијата на Македонија.
По повод одбележувањето на 9 април, Денот на македонскиот фудбал претставници на Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар Филип Поповски, наши фудбалски великани и фудбалски хроничари положија свежо цвеќе пред споменикот со првата фудбалска топка.
На денешното скромно одбележување на денот на првиот натпревар кратко предавање за историјата на нашиот фудбал пред младите фудбалери од Академијата на ФФМ одржа Ивко Панговски.
Во 1909 година, на Велигден, група турски војници и офицери на школување во западноевропските земји одиграле натпревар меѓу себе на импровизираното игралиште на полјаната зад Учителската школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје.
„Првите фудбалери биле турски војници што престојувале во касарната во скопско Дебар Маало, а денот бил толку студен што на полувремето играчите морале да ги облечат шинелите за да се стоплат“, раскажува Ивко Панговски, еден од дојаените на македонското спортско новинарство и хроничар на македонскиот фудбал.
Две години подоцна, во 1911, е формиран првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
