Одбележан Денот на крводарителите во Ресен
Преку промоција на досегашните активности за значењето принципите и вредностите на дарувањето крв, општинската организација на Црвениот крст од Ресен денеска го одбележува Денот на крводарителството во Македонија.
- Во изминатата година имаше четворица крводарители со по 25 дарувања, по 10 дарувања имаат 15, а пет пати крв дарувале 13 лица. Имаме и лица кои дарувале околу 75 пати крв. Во 11 крводарителски акции на територијата на општина Ресен во 2015 година во Ресен беа собрани 214 крвни единици, истакна секретарот на Црвен крст, Наташа Веловска, нагласувајќи дека споредбено со изминатите две години бројката е зголемена со нови млади дарители.
Упати апел до младите за нивно помасовно вклучување во акциите на Црвениот крст, посебно во крводарителството, бидејќи, како што рече, знаеме дека нема замена за крвта, која кога е потребно ја добиваме само преку дарувањето на други.
Веловска изрази благодарност до Здравтвен дом - Ресен, Општината, средното училиште „Цар Самоил“ и Полициската станица од Ресен, како и до останатите соработници за придонесот и учеството во крводарителските акции, но и останатите активности на Црвениот крст.
Свеченоста на која ќе се доделат благодарници за пет, 10 и 25 дарувања крв ќе се одржи идната недела, а во април планирана е крводарителска акција во средното училиште „Цар Самоил“ и мотивациско предавање со цел привлекување поголем број млади да даруваат крв.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите