Од утре почнуваат карневалските прослави во Струмица

Од утре во Струмица почнуваат осумдневните карневалски денови. Со детскиот маскембал ќе биде отворена манифестацијата која е единствена во Македонија, посветена на армасаните (верени) девојки и празникот Тримери.
Се очекува утре да бидат доделени наградите за најдобри литературни творби на тема карневал, а вечерта ќе се одржи традиционалниот „Концерт под маски“ што го организира Основното музичко училиште „Боро Џони“. В петок е маскембалот, каде што ќе се изберат принц и принцеза кои в сабота ќе ја предводат главната меѓународна карневалска поворка.
- Во делот на промените годинава укинавме некои категории каде последните години немаше или многу малку имаше интерес. Така во категоријата музичка маска одамна немавме претставник, а слаба беше конкуренцијата во поединечна маска современа тема. Сега воведовме нови категории за да не ги изгубиме индивидуалните маски кои пред 15 години сочинуваа дури 80 проценти од сите карневалисти. Годинава озвучена ќе биде целата траса, а точките ќе бидат изведени и кај семафорите пред Глобал. Истовремено, нема д аима нивно долго претставување за да имаме поголема динамика. Оваа година набавивме и многу современо осветлувања за подобар визуелен ефект, објаснува претседателот на организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов.
Карневалските денови во Струмица траат и наредните три дена. Во понеделникот кој е познат како „чист понеделник“ традиционално ќе биде варен бел грав на градскиот плоштад. Во вторник ќе се одржи карневалското корзо, кога учесниците облечени во костумите ќе прошетаат до домот на културата каде што ќе бидат прогласени најдобрите маски. Следната среда завршуваат карневалските прослави со тримерска трпеза и концерт на ансамблот „Тримери“.
Годинава на главната карневалска поворка треба да продефилираат најмалку 2.500 илјада карневалисти. Најмалку 500 ќе бидат од странство.
Ново на Сител
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
