-->
-->
Од утре дестабилизација на времето
-->
Циклон од Северозападна Европа овој викенд ќе влијае на времето и тоа особено во текот на утрешниот неделен ден.До крајот на сабота, времето во државава ќе биде сончево и топло а особено во западните предели ќе има појава на умерена локална облачност и на планинските места ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
Во текот на утрешниот ден, времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност, а уште во претпладневните часови на запад ќе има услови за слаб локален дожд.
Веќе во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, минимални се условите и за редок град.
И во Скопскиот регион ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи и тоа особено утре во попладневните часови.
Температурите на воздухот нема да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
И на почетокот од следната недела ќе има услови за локална, особено изолирана нестабилност а исто така ќе остане и релативно топло за овој дел од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
-

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден
-

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ал Шара
-

УН: Хуманитарната помош во Појасот Газа сè уште доаѓа преспоро
-

Променливо облачно време со локални врнежи
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
