Од петок нови правила за влез во Грција - спремете се за долго чекање на граница
Европските граѓани кои патуваат во и од трети земји сега се предмет на истите проверки како и државјаните на трети земји. Ваквата одлука на унијата почна да се применува од петокот. Врз основа на истата на границите помеѓу земјите членки на на шенгенскиот простор важат новите шенгенски правила за контола на патниците поради заштита од тероризам.
За разлика од досегашната практита кога беше доволно службениците на граничната полиција да извршат само основна контола на патниците со проверка на нивните патни документи, сега документите освен што ќе се проверуваат во шенгенскиот систем на информации ќе подлежат и на детална контрола во базата на податоци на украдени и изгубени патни документи на Интерпол.
Примената на новите правила засега не предизвика некои застои и проблеми на граничните помеѓу Македонија и земјите членки на унијата. За време на изминатиот викенд состојбата на граничните премини особено со Грција каде вообичаено има зголемена фрекфенција била вообичаена, патниците кои влегле во нашата држава не се пожалиле на поголеми застои и чекања на грчката граница поради новите правила, но не е исклучена можноста тоа да се случи за време на претстојниот празничен викенд кога поради Велигденските празници фрекфенцијата ќе биде значително зголемена.
За разлика од граничните премини со Македонија, новата мерка на унијата предизвикала сериозни проблеми во Грција. Според пишувањата на тамошните медиуми новиот режим на контола предизвикал доцнење на летовите на аеродромот Венизелос, но и на грачните премини со Бугарија и Албанија. Грчките медиуми го пренесуваат и ставот на здружението на полициските службеници кои информирале дека тие не се во состојба да одговорат на новите стандарди бидејќи немало претходна подготовка за да се избегнат евентуалните проблеми.
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
