Од март до мај оперирани 1.800 пациенти во три хирушки установи

Вкупно 1.800 пациенти се оперирани од 1 март до 1 мај во три јавни здравствени установи во Скопје и тоа 1.190 во Хирушките клиники, 310 во ГОБ „8 Септември“ и 300 во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која посочи дека во тие три хирушки установи се извршени над 1.000 итни и неодложни операции.
Тој потсети и на одлуката на Владата за парична награда за сите здравствени и нездравствени работници кои беа и се уште се вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирусот.
– Сите тие групи, доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници, болничари, транспортери, возачите во Службата за Итна медицинска помош ќе добијат награда од 20 проценти од основната плата за два месеца во сите јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови кои го организираа транспортот инт. Никој нема да биде изоставен, Сите се земени предвид. Начинот на исплата ќе биде со платежната картичка за што повеќе информации може да даде Министерството за финансии, додаде Филипче.
Ново на Сител
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
-

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
