-->
-->
Од денеска во продажба влезниците за фудбалските натпревари на Македонија
-->
Од денеска (26.09.2016) почнува продажбата влезниците за претстојните три натпревари на фудбалските репрезентации на Македонија.
Националната Арена „Филип Втори“ ќе биде домаќин на октомвриските квалификациски натпревари на А репрезентацијата и репрезентацијата до 21 година.
Во првите два домашни натпревари од квалификациите за Светското првенство во Русија, селекцијата на Македонија ќе иргаат со Израел на 6 октомвеи и со Италија три дена подоцна (9 октомври) двата со почеток од 20:45 часот.
Блок билетите за натпреварите во продажба се од денеска (понеделник, 26 септември), по цена од 250 и 500 денари.
Важна напомена: Блок билетот ќе важи за двата натпревари и ќе мора да се чува неоштетен за да може да се пристапи на двата натпревари.
На 11 октомври младата репрезентацијата (до 21 година) ја очекува историскиот натпревар на за пласман на Европското првенство, во кој за противник „рисовите“ ќе ја имаат селекцијата на Шкотска против која ќе играат на Националната Арена „Филип Втори“ во терминот од 18:45 часот
Билетите се со симболична цена од 50 и 100 денари.
Билетите ќе можат да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс, на следните продажни места:
Скопје:Нептун Стадион, Нептун Сити Мол, Нептун до Mr. Bricoladge, Југотон ГТЦ 1 кат, Универзална Сала – Скопје, Тобако - МПМ ПРЕС, Тобако Гоги - Драчево , Тобако Дрводекор, Тобако 2 – Скопјанка, ФФМ пулт во Скопје Сити Мол,
Низ Македонија: Салоните на Нептун во: Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Штип, Кочани, Њу Тобако - Охрид
Online: www.mktickets.mk и www.karti.com.mk
Од Фудбалската федерација на Македонија со апел: „Ги повикуваме сите љубители на фудбалот на Националната Арена, на 6ти, 9ти и 11ти октомври да им дадат поддршка на репрезентативците!
Да ги поддржиме нашите репрезентативци со спортско навивање! Нека нe обедини радоста што ја носи фудбалот“, порачуваат од ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња