Од денеска вакцинација на пациенти со трансплантиран бубрег и кои одат на дијализа
Денеска ќе почне вакцинацијата на пациенти со трансплантирани бубрези и кои се на дијализа, а по нивната имунизација следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем.
Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во групата на потешко болни од хронични болести кои исто така ќе имаат приоритет при вакциниацијата, се и пациентите, па и децата со цистична фиброза.
-За родители на деца со хронични болести направена е приоретизација на групите. Имаме контакт со сите здруженија во континуитет. Направен е список на околу 2.000 луѓе. Денеска ќе почне, а во понеделник или вторник веројатно ќе заврши вакцинацијата на пациенти кои се трансплантирани и се на дијализа. Тоа е првата приоритена група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест која може да го засега најпрво како приоритет респираторниот систем. Тука се влезени и децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и понатаму сите други, рече Филипче.
Има огромен број пациенти, додаде министерот, кои спроед класификацијата се со хронична болест.
-Има над 200.000 луѓе во различни возрасни групи со хипертензија и тоа е на некој начин хронична болест, но не е приоритет. Има други поприоритетни групи. И викеендов ќе работи Комисијата, следната недела веќе почнува и тој процес, потенцира Филипче.
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
