Обвинителството бара вкупна затворска казна од речиси 5.000 години за 322 членови на Ндрангета

За стотици наводни членови и нивните соработници на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, по тригодишно судење неделава ќе биде донесена пресуда.
Обвинителите побараа затворски казни во вкупно времетраење од речиси 5. 000 години за 322 обвинети. Судењето се одржува во Ламеција Терме под највисоки безбедносни мерки.
Од јануари 2021 година сослушани се стотици сведоци меѓу кои и десетици мафијаши кои станаа државни сведоциСо седиште во сиромашниот јужен регион Калабрија, Ндрангета е најбогатата и најмоќната криминална организација во Италија и има монопол на трговијата со кокаин во Европа.
Ндрангета дејствува во повеќе од 40 земји.
Експертите проценуваат дека Ндрангета, која се состои од околу 150 калабриски семејства и нивни соработници, заработува повеќе од 50 милијарди евра годишно ширум светот, од трговија со дрога и лихварство до извлекување јавни средства и изнуда.
Ндрангета нелегалните приходи ги реинвестирала во легалната економија.
Шефот на мафијата на провинцијата Вибо Валентиа, 69-годишниот Луиџи „Началникот“ Манкузо, минатата година беше отстранет од списокот на обвиненија за да му се суди посебно.
Манкузо веќе помина 19 години во затвор и беше повторно уапсен во голема полициска операција во декември 2019 година заедно со повеќе од 300 осомничени мафијаши.
Обвинителите бараа 30 години затвор за десетина најблиски соработници на Манкузо задолжени за избор на цели за изнуда и одржување на односи со други мафии.
Ндрангета е во инфилтрирана во легалната економија, а соработници биле јавни службеници, градоначалници, па дури и висок полициски функционер.
Најистакнат меѓу нив е 70-годишниот адвокат Џанкарло Пители, поранешен пратеник и сенатор од партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони.
На Пители му се закануваат 17 години затвор бидејќи наводно бил посредник во светот на политиката, финансиите и нелегална масонска ложа.
Ново на Сител
-

Починат 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино по кого се трагаше од јануари годинава
-

Секој трети граѓанин во земјава дал мито за да му се заврши некоја работа, покажуваат податоците на МЦСМ
-

Спречен обид за криумчарење на два тона фалсификат прашак за перење штетен по здравјето на граѓаните и животната средина
-

Одбраната на обезбедувањето тврди дека не постоел план и договор за физичко обезбедување на „Пулс“
-

Општина Бутел сруши дивоградба во Визбегово
-

Измама со лажен несреќен случај, измамена 70-годишна битолчанка за сума од 20.000 евра
-

Град Скопје со предлог - препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
-

231 км/ч e најголемата брзина регистрирана од камерите на „Безбеден град“
