Обвинение и продолжен притвор за осомничени за кражба на накит
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител со кривичниот суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка домашен притвор за двајцата соизвршители.
Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите жители на Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, на 1 февруари заедно провалиле во стан на улицата „Никола Парапунов“ во Скопје. Едниот осомничен внимавал некој да не наиде, додека другиот го скршил цилиндерот на надворешната врата и од станот одзел накит во вредност од околу 27.500 денари.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата обвинети, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тие би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров