Обука за можностите за финансирање иновативни бизниси

Фондот за иновации и технолошки развој денеска организира обука за можностите за финансирање преку програмата Хоризонт 2020 наменета за корисниците на грантови од првиот и вториот јавен повик на Фондот.
Целта на обуката е да се запознаат корисниците на грантови со веќе успешни практики во подготовка и имплементација на проекти од оваа програма со што ќе се овозможи солидна основа за идни успешни проекти и мобилизација на средствата од оваа програма.
Можностите за финаnсирање преку програмата ќе ги презентира д-р Питер Моѓуроши, експерт во областа на управување со иновации, соработка меѓу индустријата и истражувачката дејност, како и трансфер на технологии и воедно советник за јакнење на капацитетите на ФИТР.
Како што соопштуваат од Фондот за иновации, Моѓуроши ќе ги претстави своите искуства во подготовка и имплементација на проекти од оваа програма, со посебен фокус на инструментот наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и Fast track to innovaton. Корисниците на грантови од Фондот ќе бидат запознаени со начинот на аплицирање, процедури за искористување на овие средства, различните повици во рамки на оваа програма како и практични совети во подготовка на овие апликации.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
