Обука на 24 полицајци од СВР - Тетово на тема „Запознавање со концептот на говор на омраза“

Дваесет и четири полициски службеници од Секторот за внатрешни работи-Тетово денеска ја завршија дводневната обука на тема „Запознавање со концептот на говор на омраза“ што ја држеа претставници од Центарот за интеркултурен дијалог.
Обуката беше реализирана на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, а поттикната од страна на мисијата на ОБСЕ во соработка со Отсекот за превенција при СВР Тетово. Полицајците имаа можност одблиску да се запознаат со прашањата околу говорот на омраза, но и да се стекнат со соодветни техники и знаења за справување со вакви состојби. На сите учесници на обуката по завршувањето им беа доделени сертификати.
- Обуката имаше за цел да ги запознае полицајците со тематиката на говор на омраза како таков но исто така и со други тематика што се поврзани како криминал од омраза, слободата на изразување и слично за да се подготват за извршување на презентации од оваа тема пред учениците односно да се подготват за директен контакт и да ги заинтересираат младите луѓе за овие теми, рече Матеј Манески од Центарот за интеркултурен дијалог
Обучените полициски службеници од идната година ќе бидат вклучени во реализација на планиран образовно воспитен проект во основните и средните училишта во полошко за справување со говорот на омраза.
Ново на Сител
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
