-->
-->
ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи
-->
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, кој го информираше како оваа меѓународна организација ќе го следи референдумот на 30 септември годинава.
Амбасадорот Петерсен, како што соопшти МНР, ги пренел основните информации за оваа мисија на ОБСЕ/ОДИХР и информирал и за планираните активности на Набљудувачката мисија во период до референдумот и на самиот ден на изјаснување, која инаку согласно препораката на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР би требало да брои околу 270 набљудувачи.
Димитров, изразил задоволство од прифаќањето на неговата покана - ОДИХР да испрати набљудувачка мисија за Референдумот во Република Македонија. Го истакнал историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето, кое, како што рекол, е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така и врз политичкото стабилизирање на Регионот.
Министерот Димитров ја реафирмирал подготвеноста на Република Македонија за продолжување на соработката со ОДИХР, а особено за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за набљудувањето на претстојниот референдум.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во автомобил на 24 годишен скопјанец пронајдено над 100 пакувања со кокаин и хероин
-
Запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип
-
Форд повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со ДПФ
-
САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва
-
Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами
-
Малолетник од Виница во „фолксваген кеди“ превезувал 9 мигранти
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
Истрага за обид за убиство во Мирковци