ОБСЕ донира компјутери и монитори на МВР

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во просториите на Министерството за внатрешни работи прими донација од 18 „HP“ десктоп компјутери и 18 „HP“ монитори од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Донацијата ја предаде Виктор Соцки, в.д. раководител на Отсек за развој на полиција при Мисијата.
Оваа донација, како што соопштија денеска од МВР, е дел од поопшта заедничка активност, спроведена согласно договорениот список на активности извршени во рамки на Унифицираниот буџет на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2016 година, која, како што се вели, цели кон институционално зајакнување на капацитетите во рамки на структурите на МВР во областа на криминалистичка анализа и споделување разузнавачки информации.
- Заедно со досегашните завршени активности од Националната и регионална проценка на закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), оваа активност го надополнува и придонесува за идниот модел на Полициска работа водена од разузнавање во земјата, стои во соопштението од МВР.
Оваа активност е уште еден пример на плодната и ефективна соработка меѓу Мисијата на ОБСЕ и МВР.
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
