Облачно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Максмалната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови процесите да бидат и поинтензивни. Максмалната температура ќе достигне до 27 степени.
Времето утре претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Од почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка