Облачно и посвежо со дожд, наместа со поројни и обилни врнежи
Времето денеска ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, а локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините на околу 1200 метри надмосрка височина во западните и северните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
Од утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата и ќе дува засилен северен ветер. Најстудено ќе биде во вторник наутро, информираат од УХМР.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници