-->
-->
Објавена снимка од убиството на Инстаграм ѕвездата
-->
Инстаграм ѕвездата од Ирак, 22-годишната Тара Фарес е убиена додека била зад воланот на своето порше, а непознатите мажи кои низ прозорецот испукале три куршуми, снимени се како бегаат на мотор.Снимката која се појави во јавноста прикажува автомобил како полека се движи по улица во Багдад, додека убиецот седи на мотот на кој го чека соучесник и потоа заедно заминуваат. Поранешната Мис Багдад има повеќе од 2,6 милиони следбенци на Инстаграм и била позната по отворените ставови за слободата, животот и религијата.
Министерството за внатрешни работи соопштило дека девојката била уабиена од позната криминалистичка екстремистичка група, но не е познато дали убиецот е уапсен.
Фарес на својот Инстаграм профил објавувала свои фотографии нашминкана, во фармерки во проѕирни блузи кои ги откривале нејзините тетоважи.
Отворено зборувала за краткиот брак во кој стапила кога имала 16 години, како и за сопругот насилник кој објавувал нејзини интимни фотографии на интернет и го одвел нејзиниот син кој сега има 3 години.
Зборувала и против верските, племенските и политичките лидери. Додека многумина млади Иранци ги споделувале нејзините објави, другите ја критикувале провокативната антиисламка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
