Македонија
5. September 2024 - 16:48

Објавен јавниот повик – Општините добиваат 250 милиони евра за развојни проекти

Општините добиваат 250 милиони евра за проекти за развој. Објавен е јавниот повик, а општините имаат рок од 7 дена апликацијата заедно со предлог проектот да ги достават до Министерството за лoкална самоуправа. Премиерот Мицкоски ги повика сите општини да аплицираат за подобрување на инфраструктурата, без разлика од која политичка партија се градоначалниците.

Премиерот Мицкоски и министерот Перински уверуваат дека процесот ќе биде транспарентен и достапен на увид на јавноста, а ќе го контролира посебно координативно тело. 

Во првата фаза до крајот на годинава општините ќе имаат на располагање близу 100 милиони евра кои државата ги обезбедува од буџетот. Останатите 150 милиони евра следната година ќе се обезбедуваат од заемот од Унгарија.