Објавен извештајот за починатото 14-месечно бебе, еве ги деталите

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го објави извештајот и причините за смртта на 14-месечно бебе. Бил направен вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и приватната здравствена установа Ехолаб - ординација по општа медицина за тоа кои чекори се превземени во врска со лекувањето на бебето.
Извештајот укажува дека на 30 септември детето било одведено кај матичниот лекар поради симптоми на повраќање. Било констатирано дека не има температура, дека грлото му е благо зацрвенето и дека нема наоди на белите дробови при аускултација. Тогаш, попладнето, детето било пренесено во Детската клиника поради продолжено повраќање, каде дежурниот специјалист го потврдил првичниот наод и препорачал контрола следниот ден или по потреба.
На 3 октомври, детето повторно било кај матичниот лекар поради продолжено повраќање, како што изјавил родителот, и слабост. Наодите покажале дека нема температура, дека грлото е црвено, и дека белите дробови се нормални при аускултација. Поради продолжените симптоми, матичниот лекар издал итен упат кон Детската клиника, каде детето било прегледано околу 15 часот и добило два упати за лабораториски испитувања и еден за гасни анализи.
„Истиот ден по добивање на резултатите повторно било прегледано од специјалист педијатар и дополнително биле издадени упати за лабораторија и за РТГ дијагностика. При преглед наод на везикуларно дишење со пропратен наод на бронхитични хркулки обострано. РТГ наодот покажува нагласен броховаскуларен цртеж билатерално, хипобазално и корелира со аускултаторниот наод. Ординирана и терапија и пратено на домашно лекување“, се наведува во извештајот на ДСЗИ.
На 4 октомври, самоиницијативно родителите го однеле детето во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ околу 11 часот, каде по преглед од страна на лекар специјалист педијатар, е задржано на болничко лекување заради поставена дијагноза – bronchiolitis acuta.
„Во текот на хоспитализацијата направени се следните испитувања: 4 ацидобазни статуси, јонограм, CRP-2,5 хепатограм, уринарен статус- (кетони и леукоцити), брз хроматографски тест за антиген детекција, RSV (negativen) гликемија, искашлок со за дренажен бактериолошки преглед РТГ на бели дробови. Во тек на денот и покрај ординираната терапија се влошува здравствената состојба на детето заради што е префрлено на одделот за интензивна нега со зголемена кислородна поддршка. Поради прогресивно влошување на состојбата без одговор на дадената терапија, со прогресивен пад на кислородна сатурација, со клиничка и лабораториска слика на тежок респираторен дистрес, дежурните доктори стапиле во контакт со ИМП и со дежурен доктор на ЈЗУ УК детски болести и во 03.20 часот со возило на ИМП, пациентот е префрлен на ЈЗУ УК детски болести. Испис на 5 октомври со дијагноза pneumonia massiva, bronchitis obstruens во напад“, се додава во извештајот. Приемот на Детската клиника бил во 03:38 часот со Дг I 18 - pneumonia.
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
