Обид за киднапирање на деца во Кисела вода: Опасна двојка демне мали дечиња
На Фејсбук се појави и ваква објава како предупредување до сите родители. Засега МВР официјално не соопшти дали ваков случај е пријавен во полицијата, но факт е дека децата секогаш се на мета, и мора многу да се внимава на нив:
ВНИМАНИЕ: Вчера вечерта околу 7 часот во населбата 11 Октомври во Кисела Вода додека си играле деца на возраст од околу 10 години,им пришла кола опел астра караван тегет боја без регистарски таблици во која имало маж и жена и им нуделе играчки на децата со цел да ги привлечат во колата.Во тој момент едно од децата дошло до колата и мажот ( шоферот) пробал да го внесе детето внатре употребувајќи сила.Децата почнале да се дерат и за среќа возачот го оттурнал детето од колата претпоставувајќи во паника и колата избегала во непознат правец.Има информации дека овакви случаеви со истата кола и истите особи патролира во областа на Кисела Вода и пошироко.Апел до родителите да внимаваат на своите деца каде ги пуштаат да си играат и шетаат,бидејќи изгледа некои луѓе не бираат време и место за киднапирање.Што е и најтрагично,кај случката што се случила вчера од страна има многу куќи и луѓе што живеат на истото место,но изгледа напаѓачите чекале поволен момент да нема постари особи на местото за да пробаат да ги измамат децата.
Ново на Сител
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница
-
Брзото јадење е штетно по човековото здравје
-
Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та
-
ОН: Наша мировна мисија во Украина е многу хипотетична
-
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Црвениот крст почна со исплатата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани