Обама побара од Ердоган повлекување на турските војници од Ирак

Американскиот претседател Барак Обама во синоќешниот телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган апелираше Анкара да продолжи со повлекување на своите трупи од Ирак, со цел да се намалат несогласувањата со Багдад.
Тој нагласил дека е неопходно Турција да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Ирак.
Во меѓувреме, ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари го повика Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција со која се осудува навлегувањето на турски војници во неговата земја и побара нивно итно повлекување.
- Согласно Уставот на светската организација Ирак има право да ги преземе сите потребни мерки за спречување на непријателските дејствија од страна на Турција, кои претставуваат опасност за меѓународниот мир и безбедност, предупреди Џафари.
Според него, меѓу двете земји нема официјален договор со кој би и се дозволило на Турција да испрати војска во Ирак без претходна дозвола.
Турскиот постојан претставник во ОН, Халит Чевик го обвини Ирак дека ја поткопува борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), со поднесените жалби до СБ на ОН за распоредување на турски војници на своја територија.
- Испраќањето турски војници во северниот дел на Ирак е извадено од контекст. Турција презеде доволно мерки за смирување на ситуацијата и бара поголеми напори во борбата против ИД во Ирак и Сирија, нагласи Чевик.
Официјална Москва, исто така, присуството на турската војска во Ирак го оцени како „незаконско и неприфатливо“.
Турција на 4 декември распореди тенкови во северниот дел на Ирак, објаснувајќи дека станува збор за зајакнување на обуката на сунитските и курдските војници кои се борат против ИД. Багдад, пак, влегувањето на турските трупи на територија на Ирак го протолкува како кршење на суверенитетот и од Анкара побара веднаш да ги повлече.
Ново на Сител
-

Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси кои зелените површини ги претворија во градилиште и спремаат нова бетонизација
-

Приведен 16-годишник, украл торба со паричник и мобилен телефон од 63-годишна жена од Скопје
-

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по вториот круг од локалните избори
-

Жените земјоделки ги бараат своите права
-

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје
-

Пијан возач усмрти тричлено семејство во Белград
-

Двајца мажи се приведени во врска со грабежот на накит во Лувр
-

Ракометарите на Вардар продолжија со максимален ефект
