Обама: Нобеловата награда за мир е почит за храброста на народот во Тунис
Американскиот претседател Барак Обама го поздрави доделувањето на Нобеловата награда за мир на Тунискиот квартет за национален дијалог, кој овозможи да се спаси демократската транзиција во оваа северноафриканска земја.
- Оваа награда е исто така, претставува „почит кон константноста и храброста на тунискиот народ, кој, соочен со политичките убиства и терористички напади, се обедини во духот на единството, компромисот и толеранцијата", наведува Обама во соопштението, пренесува БТА.
- Туниският квартет за национален дијалог докажа дека демократијата е можна во Северна Африка, се вели уште во соопштението. „Оваа храбри група работници, работодавци, адвокати и активисти покажа дека траен мир и безбедност можат да бидат постигнати само тогаш, кога на граѓаните им е дадено правото да создаваат своја иднина, и дека демократијата е можна и потребна во Северна Африка и Блискиот Исток “, наведува американскиот претседател.
Обама истакна уште дека „квартетот" помогна да се обедини земјата, да се обезбеди мирен дијалог и развој. "Со поддршка на четирите организации, Тунижаните одржаа слободни избори, создадоа нов устав кој ги гарантира човековите права и еднаквоста на сите луѓе, составија влада на национално единство, покажувајќи дека демократијата и исламот, всушност, можат да напредуваат заедно“, додаде претседателот на САД.
Тунискиот квартет за национален дијалог е составен од четири клучни граѓански организации - Тунискиот генерален синдикат, Туниската конфедерација на индустријата, трговијата и занаетчиство, Туниската лига за човекови права и Националниот орден на адвокатите во Тунис.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа