Обама: Нема да се извинам на атомската бомба во Хирошима

Американскиот претседател Барак Обама изјави во интервјуто за јапонската телевизија „НХК“ дека за време на неговата историска посета во Хиршима, која ќе се случи во текот на оваа недела, нема да се извини за атомската бомба, кој беше фрлена во градот од страна на САД кон крајот на Втората светска војна.
На прашањето дали планира да се извини за време на посетата во Хирошима, Обама одговори: Не, бидејќи мислам дека е важно да се разбере дека лидерите за време на војните носат секакви одлуки, пренесува Танјуг.
- Задачата на историчарите е да поставуваат прашања и да вршат истражувања, но како некој кој ја врши оваа функција во последните седум ипол години, знам дека секој државник носи многу тешки одлуки, особено за време на војна, наведе Обама.
Обама ќе биде првиот американски претседател кој ја посетил Хирошима, каде на 6 август во 1945 година е фрлена првата атомска бомба, при што загинаа околу 140.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
