Нумбео: Најскапи земји во Европа и светот

Интернет страницата Numbeo.com својот индекс на трошоци за живот во 2018 година го пресметува со собирање огромен број податоци од илјадници корисници ширум светот, кои ги запишуваат потрошувачките цени и трошоци од местата во кои живеат.
Индексот содржи речиси 50 фактори, од оброци во ресторан од средна категорија па се до чланарина во теретана, шише вино или филџан кафе.
Кога станува збор за животните трошоци во Европа, тука постои јасна поделба. Државите од Источна Европа се значително поевтини, додека оние од западниот дел се исклучително скапи. Доколу сакате суперевтин одмор во Европа тогаш одете на Балкан или уште подалеку. Најевтина земја во Европа е Украина, која се наоѓа на 113 место на светот, следуваат Косово на 109 место и Молдавија на 101 место.
Од друга страна, не е никакво изненадување дека Швајцарија е најскапа држава во Европа и втора најскапа во светот.
Пред Швајцарија на листата се наоѓаат само Бермудските Острови, а потоа следуваат Ирска, Норвешка, Бахами, Луксембург, Данска, Сингапур, Јапонија и Израел.
Животот во „земјата на чоколадата, сирењето и планинскиот воздух“ многу скапо се плаќа. Според истражувањето на веб страницата Експат Инсајдер од 2017 година, Швајцарија е една од најмалку гостопримливите земји во светот, па затоа можеби е подобро да се живее некаде каде што е поевтино и повесело.
Најевтини земји во светот се Пакистан, Египет, Украина, Тунис, Косово, Грузија, Азербејџан, Бангладеш и Алжир.
Ново на Сител
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
