-->
-->
Новогодишна честитка од министерот Јолевски
-->

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, по повод новогодишните празници, упати честитка до вработените во Министерството за одбрана, припадниците на Армијата на Република Македонија и сите граѓани.
- Изминатава година, вие припадниците на Армијата уште еднаш покажавте и докажавте дека заслужено ја имате најголемата доверба од граѓаните на Македонија. Вашата подготвеност и решителност се покажа на дело во периоди кога тоа им беше најпотребно на граѓаните, особено за време на трагичниот настан кој го зафати скопскиот регион, но и предизвика сериозна опасност по жителите од тетовскиот регион. Како поддршка на припадниците на Граничната полиција во зачувување на нашата граница од нелегално преминување успеавте да спречите повеќе од 20.000 мигранти. Но, нема да ги заборавиме и вашите колеги кои беа и оние кои се денес во мисија во поддршка на мирот. Благодарение на вас почитувани припадници - амбасадори на мирот, нашата земја, Република Македонија е дел од земјите кои ги споделуваат човековите вредности, се наведува во честитката.
Јолевски додава дека во годината што изминува во Министерството започнаа неколку значајни процеси, чии резултати, како што вели, ќе ги видиме во следните неколку години. Како најзначајен го посочува процесот на модернизација, при што првата опрема треба да почне да пристигнува во 2017 година.
- Пред нас секогаш ќе има нови предизвици кои само заеднички ќе можеме да ги надминеме. Тоа е нашиот мотив да покажеме дека сме подготвени да се соочиме и да ги реализираме задачите и проектите кои не очекуваат, а со тоа да придонесеме за колективен напредок на Република Македонија. Со искрени желби, најнапред за добро здравје, љубов, среќа, вам и на сите граѓани на Македонија им посакувам успешна Нова година, додава министерот Јолевски во честитката. паг/16:07
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
