-->
-->
Ново поскапување на цигарите: Од 1 јули повисока акциза!
-->

Во јули се очекува големо зголемување на цената на цигарите во Србија и тоа за најмалце два до три динари, поради растот на специфични акцизи.
Постојат индиции дека некои тутунски производители ќе ги зголемат цените и една кутија ќе чини 10 динари повеќе.
Неофицијално, како што пренесуваа српските медиуми, такво поскапување планираат Бритиш американ тобако (БАТ) и ТДР. Тие не сакале официјалн ода коментираат дали акцизата ќе донесе зголемување на цените.
- Тоа е обична пракса, но не можеме да коментираме - неофицијално изјавиле за „Блиц“ од овие фабрики.
Извесно е дека од 1. јули акцизите ќе се зголемат за 2,5 динари.
- Тогаш е потребно за 2017 година да се дефинираат нови акцизни календари затоа што нашата акцизна политика е значително поповолна од стандардите на ЕУ, според кој износот на минималната акциза е од 90 евра за 1.000 цигари. Во Србија е 50 евра за 1.000 цигари. Тоа е баланс кој треба да се надмине, со цел да се усогласиме со ЕУ, - изјавиле од Владата во Србија.
Инаку, во Србија на цигарите се плаќа и специфична и прогресивна акциза. Специфичната моментално изнесува 56 динари, додека висината на прогресивната е 33% на малопродажна цена и таа нема да се менуива до крајот на 2016. година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО